Александар Камбовски нов претседател на Судски совет
Александар Камбовски едногласно избран за претседател на Судски совет. јавува Телма
За него гласаа сите 13 члена на советот со право на глас.
Претседателката на врховен и министерот за правда, кои се членови на советот без право на глас, не дојдоа на седницита
„Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам на укажаната доверба и искрено се надевам дека заеднички сите ќе ги посигнеме највисоките стандарди на професионализам највисоките стандарди на непристрасност, на зајакнување на темелите на правото, владеењето на правото, не се сомневам во тоа дека ќе успееме доколку сите работиме заедно и имаме иста цел и не води иста мисија, а тоа е да имаме здраво, транспарентно и независно судство кое што е потребно и на граѓаните и на нашата држава“, изјави новоизбраниот претседател.