Алкалоид со убедлива победа против Бриксен во Европскиот куп на ЕХФ
Ракометарите на Алкалоид вечерва на гостувањето во Италија забележаа победа над Бриксен со 32-44 (18-23).
По убедливата победа, избраниците на Кирил Лазаров речиси сигурно ќе се пласираат во четвртфиналето во Европскиот куп на ЕХФ.
Тимот од Автокоманда го започна натпреварот со убедливи 5:0 и уште од тој момент беше јасно дека нема да имаат големи проблеми со италијанскиот тим. Темпото го диктираше скопскиот тим во целиот тек на дуелот и на крај повеќе од заслужено стигна до победа.
Најдобар стрелец за Алкалоид беше Игор Ѓорѓиев со седум гола, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по шест.
Во редовите на Бриксен, најефикасни беа Де Оливеира Кандидо со осум и Арчиери со седум гола.
Реваншот ќе се одигра на 22 февруари во салата „Автокоманда“ во Скопје