Амнести интернешнел: „Колективното казнување“ на цивилите во Газа од страна на Израел е воено злосторство

Групата за заштита на човекови права Амнести интернешнел денеска го повика Израел „веднаш“ да ја укине блокадата на Газа, велејќи дека „колективната казна“ на цивилите за терористичките злосторства на Хамас е воено злосторство.

Блокадата на Израел на густо населената територија „го потона Појасот Газа во темнина и ќе ја влоши тековната хуманитарна катастрофа“, се вели во соопштението на Амнести.

– Колективното казнување на цивилното население во Газа е воено злосторство – тоа е сурово и нехумано, се вели во документот.

– Амнести повторува дека палестинските цивили не се одговорни за злосторствата на Хамас и другите палестински вооружени групи и Израел не смее, според меѓународното право, да ги натера да страдаат поради дела во кои немаат улога и не можат да ги контролираат, нагласува организацијата.

Амнести, исто така, ја повика меѓународната заедница „да работи на постигнување договор за хуманитарните коридори“ во Газа, каде што се раселени повеќе од 423.000 луѓе.

Back to top button
Close