Анџелина Џоли побарала платен убиец за да ја убие, тој ја предомислил
Холивудската актерка Анџелина Џоли во третата деценија од својот живот се борела со депресија ангажирала платен убиец да го испланира нејзиното убиство! Познатата оскаровка уште во 2001 година откри дека кога имала 22 години и поминувала низ многу „мрачен“ период од животот, контактирала со платен убиец.
– Ова ќе звучи лудо, но еднаш сакав да ангажирам личност која требаше да ме убие – изјави Анџелина Џоли за ИМДБ, пренесува „Дејли мејл“.
Актерката додала дека повеќе би сакала да биде убиена отколку да си го одземе животот, бидејќи смета дека таквата смрт би била полесна за луѓето кои ја сакаат.
– Во тоа време не беше тешко да се најдат убијци во Њујорк. Знаев дека многу луѓе блиски до мене, како мајка ми, ќе се чувствуваат како да не ми дале доволно или да не направиле доволно за мене, за јас да си го одземам животот. Затоа, моето решение за тоа беше некој друг да ме убие, тоа би било убиство, на пример, во текот на грабеж и никој немаше да се чувствува како да ме разочарал – рекла Анџелина во интервју за „Фејс“.
Анџелина испланирала сè толку внимателно што дури имала и решение да не ѝ недостасуваат голем дел од парите на нејзината банкарска сметка одеднаш – планирала да му плати на убиецот дел по дел во одреден период пред смртта. Сепак, убиецот ја изненадил со својот одговор.
– Тој беше доволно пристојна личност и ме праша дали можам уште еднаш да размислам за својата одлука и да му се јавам за два месеци. Работите во меѓувреме се променија и мислев дека ќе протуркам сè – рекла актерката.
…