АНАЛИЗА: Плата v.s Трошоци – за основна живеачка потребни се 554,5 евра месечно!

Расте просечната плата во државата, но растат и трошоците на живот. Според статистиката во мај годинава во споредба со истиот месец лани просечната нето плата се зголемила за 8,8%, пишува “Порталб”. Според податоците пак од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на “минималната синдикална кошница” се зголемила за скоро 12 евра во јуни годинава во споредба со истиот месец лани.

Раст на трошоците за речиси сите основни потреби … 

За исти месечни потреби – плаќање на сметки за комуналии, домување, храна, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани биле потребни дополнителни 12 евра. Во јуни 2020 та вредноста на “минималната синдикална кошница” изнесувала 543 евра, а годинава истиот месец скоро 555 евра.

                                        Минимална синдикална кошница

Јуни 2021  година                                       555 евра

Јуни 2020  година                                       543 евра

Јуни 2019   година                                      530 евра

Јуни  2018  година                                      529 евра

Ова значи дека трошоците за живот растат, односно дека за да се подмират истите обврски сега се потребни повеќе пари. Компаративните податоци покажуваат дека годинава во споредба со лани зголемени се трошоиците речиси за сите основи потреби –  за исхрана, пијалаци, за домување, хигиена, превоз, облека , одржување на здравје.

За да се “истуркал” јуни биле потребни 555 евра – најголем дел од овие пари или 74 % завршуваат за основните потреби – храна и сметки.

                               Минимална синдикална кошница

Храна и пијалаци                            42,52%

Домување                                         31,57%

Хигиена                                                6,95%

Превоз                                                  7,33%

Облека и обувки                                6,36%

Култура                                                  3,12%

Одржување на здравје                      2,14%

Освен ССМ, раст на трошоците на живот веќе регистрираше и државаната статистика. Во јуни годинава во споредба со јуни лани трошоците на живот се зголемени за 2,7%, а цените на мало за 4%. Најголем раст на трошоците на живот има кај маслата и мастите за 30,8%, алкохолни пијалаци и тутун за 4%, а значаен раст од 4,3% е регистриран и кај трошците за домување, вода, струја, горива.

                                 Трошоци на живот јуни 21/20

                      Масла и масти                                  30,8%

                      Течни горива                                     55,4%

                      Транспорт                                           9,3%

                      Ресторани, хотели                            6,3%

                      Здравствена заштита                       3,0%

Растат тршоците на живот, но статистиката вели дека расте и просечната нето плата во државата. Во мај годинава таа изнесувала 28 721 денари или 465,5 евра – со раст за 8,8% во споредба со мај лани. Економистите велат дека овој раст на просечната нето плата што се регистрира изминатиот период не може да се објасни само со реален пораст на платата туку и како резултат на намалување на бројот на вработени со ниски примања.

“Од лани ние се соочувааме со зголемување на бројот на граѓани кои останаа без работа, односно без месечни примања поради пандемијата. Сите овие лица излегоа од статистиката на вработени заедно со нивните плати кои главно се на ниско ниво – односно плати кои се исплаќаат во ниско платени дејности. Главно поради ова просечната нето плата е во пораст” – коментирааат економистите.

Интересно е дека раст на просечената месечна плата има во трудоинтензивните дејности во кои се доминира минималната плата. Па така на пример за 13,1 % во мај се зголемила платата во преработувачката индустрија, за 6,8% во земјоделството, за 8,5% во рударството, а за 12,8% во трговијата. Најголем раст од 29% има кај просечната нето плата во дејностите уметност, забава и рекреација. Иако платата е во пораст – таа не е доволна за да се задоволат основните животни потреби за кои според ССМ се потребни  оние 555 евра месечно. Дури 50% од просечната плата се трошат за храна, а  скоро 40% за домување – односно сметки за струја , вода и други комуналии. Просечната минимална плата е “пониска ” за 20% во однос на “минималната синдикална кошница” која ги опфаќа трошоците за основните животни потреби.

Back to top button
Close