Арнаутовиќ се извини на македонски и албански јазик поради провокацијата

Австриецот Марко Арнаутовиќ наместо да се израдува како што треба на погодокот кој го постигна против Македонија, тој реагираше жестоко кон Алиоски, па капитенот Алаба мораше да го смирува.

Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.

– Имаше некои погрдни зборови на вчерашниот натпревар, па поради тоа сакам да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам, јас не сум сум расист и никогаш нема да бидам, моите пријатели со кои пораснав се од целиот свет – вели Арнаутовиќ.

Напаѓачот на Австрија во својата објава на Инстаграм, се извини на македонски и албански јазик.

Back to top button
Close