Арсовска: Не ми е јасно како за 600 евра месечно не може да се гласа за нови автобуси или за јавна чистота
Не ми е јасно како за 600 евра месечно не може да се гласа за нови автобуси, или за јавна чистота, рече скопската градоначалничка Данела Арсовска во тв гостување на Канал 5 тв и додаде дека таа ќе стави потпис на истото.
„Понудата од моја страна беше дадена, јас работам одговорно, градот е консолидиран, тоа што го имаме е невиден начин на работа, вели градоначалничката и додава дека целта била да се дозаглави јавното претпријатие, а немало нафта поради политика.
Можам да ви извадам стотици други јавни набавки каде се појавила една фирма и не било спорно, се работи од позиција на моќ“ , вели Арсовска.
За спорот со претседавачот на Советот, Трајко Славески таа изјави дека само што рече ми треба мислење од градоначалник, го доби, се што треба е да се стави точката на дневен ред за да почне да се дискутира.
– Ниту еден проект кој што е во интерес на граѓаните не го прекинав и нема да го прекинам, за БРТ да се спроведе, мора да има одлука на Совет – вели Арсовска.