Арсовски: Спасовски повика на избори на 5 јули кога се достигнува пикот на заразата

Фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно, бездушно и нечовечки, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„За жал овие бројки секој ден се зголемуваат и морбидно и бездушно е да се говори на тема избори. Во моментов треба единствено да ни е во интерес здравјето на граѓаните и како да ја намалиме бројката на смртност бидејќи гледаме во моментов Република Македонија е со највисока смртност во регионот“, рече Арсовски.

Запрашан за коментар во врска со почетокот со агендата на теренската кампања на СДСМ, Арсовски рече дека иако најавен за септември ние вториот пик го достигнуваме во јуни, но на СДСМ важни им се исклучиво фотелјата и бизнисот.

„Не би сакал да помислам дали ќе сносат и како ќе сносат одговорност за 10, 12, 14 дена од сега имаме сериозна бројка на заразени онаму каде што во моментов имаат поомасовени собери како дел од нивната изборна кампања, а датум за избори се уште нема и на никој не му е на памет да зборува за избори“, рече Арсовски.

Back to top button
Close