Белорусија почна воена вежба во соработка со Русија

Воздухопловните сили на Белорусија денеска започнаа воена вежба што ќе се одвива во соработка со Русија, пренесе Бета.

Според белоруското Министерство за одбрана, вежбата вклучува употреба на боева муниција и ќе биде реализирана во две фази. Првата ќе биде во Белорусија, а втората во руската воена база Ашулук, близу границата со Казахстан.

Вежбите во руската база ќе траат од 22 до 25 август.

Back to top button
Close