Бесплатен паркинг на Денот на македонската револуционерна борба
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, на јавните површини наменети за паркирање (зонско), т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши на Зона А0 – Водно, Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври.