БИДИ И ТИ ДЕДО МРАЗ“ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗА ТЕБЕ – 4U“ Diners Club со најголема донација за кампањата

Компанијата Diners Club Македонија донираше најголем број пакети со храна, мали кујнски апарати и средства за лична хигиена на Здружението за млади без родители „ЗА ТЕБЕ – 4U“, како дел од новогодишната хуманитарна кампања „Биди и ти Дедо Мраз“ во организација на здружението.

– Како компанија сме особено среќни што на овој начин, во пресрет на новогодишните празници, имавме можност да ги израдуваме младите луѓе од здружението „ЗА ТЕБЕ – 4U“. Преку оваа донација, сакаме да дадеме придонес за унапредување на квалитетот на живот на младите луѓе во социјален ризик во земјава, кои се интегрален и особено вреден дел од нашето општество. Веруваме дека континуираната поддршка на заедницата и реализацијата на општествено одговорни активности се од исклучителна важност и остануваме посветени на нашата мисија да бидеме пример и за останатите чинители во бизнис секторот во земјава, бидејќи само заеднички, преку помагање онаму кадешто е најпотребно, можеме да направиме трајна позитивна промена во средината во која делуваме – изјавија од Diners Club Македонија.

 

На свеченото дарување со кое се затвори втората по ред „Биди и ти Дедо Мраз“ кампања во организација на „ЗА ТЕБЕ – 4U“, донаторите имаа можност да се запознаат со штитениците на здружението за кои беа наменети новогодишните подароци, а воедно беа наградени со благодарници за пружената поддршка за реализација на кампањата.

Претседателката на здружението „ЗА ТЕБЕ – 4U“, Цеце Николова, истакна дека оваа кампања е вистински начин да се заокружи една успешна година за здружението и со хуманитарна поддршка да се израдува една категорија на граѓани за кои ваквата помош е и повеќе од добредојдена.

 

– Се радуваме што и оваа година успешно ја реализиравме кампањата „Биди и ти Дедо Мраз“, благодарение на нашите партнери, индивидуалци и општествено одговорни компании. Diners Club Македонија како најголем донатор даде навистина значаен придонес за оваа кампања и се надеваме дека ова е само почеток на една долга и успешна соработка – рече Николова.

 

Инаку, здружението „За тебе – 4U“ формирано во текот на минатата година од деца без родители за деца без родители има за цел да им помогне на младите од социјален ризик да станат дел од општеството како одговорни луѓе, пружајќи им помош и поддршка преку различни активности прилагодени на нивните потреби, меѓу кои обезбедување сместување за младинците кои немаат дом, организирање доедукации, обуки и семинари за отпочнување на нивниот кариерен пат, можност за учество во разни работилници, обезбедување летни одмори и слично.

 

 

Back to top button
Close