Болниците во северен Израел ќе ги преместат пациентите во подземен бункер

Во услови на зголемени прекугранични ракетни напади од Либан, болниците во северен Израел добија инструкции да ги префрлат пациентите во засолништа,јавија израелските медиуми.

Болницата Рамбам во Хаифа, најголемата во регионот, објави дека ќе започне попладнево со преместување на пациентите во својата подземна установа за итни случаи следејќи ги армиските директиви.

Таканаречената „бункер болница“ на Рамбам, изградена во 2014 година и лоцирана на повеќе од 16 метри под земја, може да прими до 1.400 пациенти, и војници и цивили, се наведува на нејзината веб-страница.

Обично се користи како паркинг, објектот е исто така зајакнат против биолошки и хемиски напади.

Откако почна војната во Појасот Газа на 7 октомври минатата година меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, кое е сојузник на Хезболах, речиси секојдневно има воени конфронтации меѓу израелската армија и Хезболах во пограничната област меѓу двете земји.

Има загинати на двете страни, повеќето од нив членови на либанската милиција Хезболах. Хезболах вели дека дејствува во солидарност со Хамас.

Back to top button
Close