„Бон Џови” објавија две нови песни (видео)

 Рок-групата „Бон Џови” потврди дека нивниот нов албум „Bon Jovi 2020“ ќе излезе на 2 октомври. Првично, албумот требаше да биде претставен на 15 мај, но тоа беше одложено поради корона-пандемијата.

А пак, за тоа време, додека музичарите биле во самоизолација, напишаа уште две нови песни – „American reckoning” и „Do what you can” – којашто вчера беше објавена на интернет. „Do what you can” е напишана од пејачот Џон Бон Џови, а инспирирана од текстови на обожаватели.

Рокерите претходно беа принудени и да ја откажат најавената светска турнеја, којашто требаше да почне од Такома, Вашингтон, САД, на 10 јуни.  си/

Back to top button
Close