Booking под истрага во Италија

Италијанската агенција за заштита на конкуренцијата соопшти денеска дека покренала истрага за да утврди дали дигиталната платформа Букинг.ком (Booking.com) ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот за хотелско сместување.

Италијанскиот регулатор се сомнева дека веб-страницата, со „претпочитано партнерство“ со одредени хотели, „веројатно ја попречува ефективната конкуренција на пазарот на онлајн продажба на услуги за сместување и резервации на хотели, барем во (Италија)“.

Таквата стратегија „им штети на другите онлајн туристички агенти, со негативни ефекти врз капацитетите за сместување и, во крајна линија, на потрошувачите, кои се рефлектираат со повисоки цени и ограничен избор“, се вели во соопштението на регулаторот. Даночната полиција „Гуардија ди финанца“ (Guardia di Finanza) изврши претрес во италијанските канцеларии на Booking.com, се додава.

„Во целост соработуваме со италијанскиот орган за заштита на конкуренцијата. Целосно соработуваме со даночната полиција и со италијанскиот орган за заштита на конкуренцијата кои вчера ги посетија нашите канцеларии во Италија“, рече портпаролот на Booking.com.

„Иако соработуваме со италијанските власти, во целост веруваме дека загриженоста за конкуренцијата требало да се решат директно со ЕУ, во согласност со нејзините сегашни регулаторни предлози – а не одделно, на основа од земја до земја“, додаде портпаролката на компанијата.

Back to top button
Close