Божиќ во завојувана Украина

И покрај засилените руски напади, луѓето во Киев носејќи традиционална украинска облека го одбележаа Божиќ со улична поворка и пеење божикни песни.

Украинците вчера (25 декември,2024) по вторпат го прославија Божиќ според новиот календар, што е уште еден чекор кон бришење на руското влијание во земјата.

Повеќето Украинци се православни христијани, а независната православна црква на Украина, основана во 2018 година, одлучи минатата година да премине од традиционалниот јулијански календар, кој се користи во Русија и според кој Божиќ е на 7 јануари, на Грегоријанскиот календар.

Русија вчера. токму на Божиж, го гаѓаше енергетскиот систем на Украина со крстосувачки и балистички ракети во голем напад, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „нехуман“.

Во нападот беа ранети најмалку шест лица во североисточниот град Харков, а едно лице загина во областа Днепропетровск, соопштија гувернерите на тие региони. (dw)

Back to top button
Close