Бразилската полиција изврши претрес во резиденцијата на гувернерот на Рио де жанеиро

– Бразилската полиција денеска изврши претрес и заплена на документацијата во резиденцијата на гувернерот на државата Рио де Жанеиро, Вилсон Витцел, како дел од истрагата поврзана со корупцијата.

Бразилската федерална полиција соопшти дека истражува корупција во врска со употребата на државни пари за борба против пандемијата на коронавирус во државата Рио де Жанеиро. Во соопштението се додава дека полицијата спровела 12 налози за претрес и заплена.

Според западни медиуми, предмет на истрага се наводни неправилности во трошењето пари за специјализирани болници за третман на пациенти со Ковид-19.

Полицијата извршила претрес во палатата Ларањерас, официјална резиденција на гувернерот и во неговиот дом во Грац. Според федерални полициски извори, не се издадени налози за апсење.

Back to top button
Close