Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/britanski-ekspert-naglasuva-deka-se-ushte-e-rano-za-olesnuva-e-na-merkite-vo-zem-ata.jpg)
– Членот на научното советодавно тело на британската Вада, професор Питер Хорби, предупреди дека се уште е рано за олеснување на мерките за карантин затоа што системот за тестирање, следење и изолација се уште не е целосно оперативен.
Професорот Питер Хорби, претседател на Советодавната група за опасност од новиот респираторен вирус и член на Научната советодавна група за вонредни ситуации, во интервју за радио Би-Би-Си изјави дека Британија не може да си дозволи да ја загуби контролата врз вирусот.
– Ное навистина не можеме да се вратиме на ситуација во која имаме број на болни и починати од изминатиот период, рече Хорби.
Тој наведе дека системот за тестирање, следење и изолација се уште не е целосно оперативен, што претставува ризик во однос на понатамошниот развој на ситуацијата во врска со коронавирусот во земјата.