Бројот на невработени во последната недела во САД се зголеми за 1,54 милиона лица

Само во последната недела во САД околу 1,54 милиона лица поднеле барања за пријава за невработеност, соопшти денеска Министерството за труд, покажувајќи дека и натаму забавува темпото на губење работни места, јави ДПА.

Минатата недела извештајот покажа дека околу 1,9 милиона лица се пријавиле за невработени, што е големо  намалување од неодамнешните шест милиони. Најновите бројки доведоа до вкупна бројка од околу 44 милиони барања, откако пандемијата на коронавирусот од март почна да предизвикува големи застои во делови од американската економија.

Новите податоци ја покажуваат постојаната невработеност, бидејќи пријавувањата и одјавувањата го изместија пазарот на трудот.

Многу сојузни држави почнаа повторно да се отвораат, со мерки за социјално дистанцирање кои се уште се во сила.

Минатиот петок, месечниот извештај за вработувањата на Бирото за статистика на трудот покажа изненадувачки пад на стапката на невработеност  на 13,3 проценти. Претходниот месец оваа стапка изнесуваше 14,7 проценти, пренесе ДПА.

Американските Федерални резерви вчера предвидеа дека во 2020 година просечната невработеност ќе изнесува 9,3 отсто.

Back to top button
Close