Бројот на заразени со коронавирусот во Русија надмина 400.000
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/bro-ot-na-zarazeni-so-koronavirusot-vo-rusi-a-nadmina-400-000.jpg)
Бројот на заразени со коронавирусот во Русија денеска надмина 400.000, откако во последните 24 часа беа потврдени 9.268 нови случаи.
Вкупниот број потврдени случаи во земјата сега изнесува 405.843.
Денеска е забележана и најниската дневна бројка на смртни случаи од 25 мај, 138, а вкупниот број на починати сега изнесува 4.693.
Русија е на трето место во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД и Бразил.