Бугарија добила 32 милијарди лева од европските фондови во годините од кога е член на ЕУ
Бугарија има добиено 32 милијарди лева (17 милијарди евра) од европските фондови во периодот на членството во Европската унија. Ова го покажуваат податоците од анализата на Институтот за пазарна економија, според која најмногу пари се трошат за инфраструктура, јави БНР (Бугарското национално радио. Од 2007. секој регион од таа држава има потрошено најмногу европски средства за реализација на големи инфраструктурни проекти.
Како пример за најмногу потрошени средства се наведува Софија – со 6,2 милијарди лева, главно за проширување на метрото. Следува Пловдив – со 1,6 милијарди лева за проекти за водоснабдување и санации и Бургас – за обиколница и модернизација на јавниот транспорт. До крајот на 2024 година, секоја општина во Бугарија има апсорбирано најмалку 500 лева од европски фондови по лице, а на врвот на рангирањето се општините со десетпати повеќе средства во однос на населението. Водечки општини се Мало Трново, Бјала (регион Варна) и Свиленград – со над 7 илјади лева по глава на жител.