ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ И ЛИЛА МИЛИЌ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Сабина Факиќ и Герман Филков од Центарот за граѓанско комуникации се едни од добитниците на државната награда. (Фото: Фејсбук)

Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје и активистката и трансродова жена Лила Милиќ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Наградата ја доделува Министерството за култура, а претседателка на Одборот била Александра Цветановска.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември во 10 часот во Собранието.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close