„Дали Илон Маск има округло јајце?“: Земјоделката Грин пронашла сферично јајце и ќе го продава на аукција
Земјоделка од Девон открила нешто што го смета за редок феномен – сферично јајце.
Алисон Грин три години работи како ракувач со јајца на фармата Фентон во близина на границата со Сомерсет. Таа ракувала со повеќе од 42 милиони јајца и изјави дека никогаш досега не нашла совршено округло јајце.
57-годишната Грин планира да го испрати јајцето на аукција во Ексетер во март, а приходите да ги донира на хуманитарната организација за поддршка на жртви од силување во Девон.
Грин изјавила: „Навистина беше изненадувачки кога го пронајдов. Тоа е нешто што никој друг го нема. Дали Елон Маск има округло јајце?“
Грин додала и дека се надева оти ќе се продаде за многу пари.
Аукционерот Брајан Гудисон-Бланкс со седиште во Ексетер изјави: „Сферичните кокошкини јајца се прилично необични, и имало случаи кога луѓе плаќале повеќе од 100, а понекогаш и 200 фунти за нив“.
Минатиот месец, сферично кокошкино јајце се продаде за 200 фунти кога човек го купил спонтано по неколку испиени пива. А во 2015 година, сферично кокошкино јајце беше продадено за 480 фунти на eBay. (Гардијан)