Давкова ги отворила сите прозорци во Вила Водно за да луфтира и има промаја миризбата и била непријатна – претходно биле затворени ради безбедност

Новата претседателка веднаш направила „генералка“ на Вила Водно. Меѓу првите работи кои ги направила, ги отворила сите прозорци на Вилата за да влезе чист и свеж воздух, оти како што брифираат извори за ТВ21 имало непријатна миризба.

Претходно тоа не се правело, а прозорците цело време биле затворени поради безбедносни причини.

Гордана Силјановска Давкова за протоколите зборуваше и во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 пред да биде избрана за претседателка. Таа рече дека не би сакала да се откаже од традицијата да го посетува Зелен Пазар и Буњаковец бидејќи тоа го прави речиси секој ден.

Back to top button
Close