Де Хеа останува во Фиорентина

Шпанскиот голман Давид де Хеа и следната сезона ќе остане во Фиорентина. „Виолетовите“ ќе ја искористат опцијата за продолжување на неговиот договор за една година.

Актуелниот договор на 34-годишниот голман е до крајот на кампањата.

-Тој ќе остане со нас и следната сезона, изјави претседателот на Фиорентина, Роко Комисо.

Де Хеа на стартот на сезоната по една година без тим дојде во тимот од Фиренца. Тој оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, а на 10 од нив ја задржа мрежата чиста.

Давид де Хеа има настапувано и за Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед

Back to top button
Close