Деспотовски: Како се случи голем број наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас

Изјава на Јован Деспотовски

 

Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и воземјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоат реба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден.

Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, какои на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еденнов СДСМ.

Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес,

Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор надве клучни прашања:

1. Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска?

2. Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?

На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе подне сеприговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овиепрашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори.

Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои гиочекуваме во следните 2 часа

Back to top button
Close