Договорени откупните цени на грозјето За „смедеревка“ ќе се плаќа 10, а за „вранец“ 12 денари за килограм

Претставници на винарските визби и министерот за земјоделство се договорија откупната цена на грозјето од сортата „смедеревка“ да изнесува 10 денари за килограм, додека за сортата „Вранец“ да изнесува 12 денари.

Како што информира Министерството за земјоделство на сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите.

Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва.

Министерството ќе ја продолжи и дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.

Договорено е да продолжи да тече непречено со што се очекува за една недела да има поголем откуп.

Исто така е договорено да се откупи целата количина на произведено грозје.

 

Back to top button
Close