Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се продаваат на социјалните мрежи
Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи.
– Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти, изјави денеска директорката на Клиниката за пластична хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска.
Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 пациенти од кои дел се лекуваат во земјава, а дел во странство. Има и пациенти со изгореници од прв степен за кои тимови по пластична хирургија ќе бидат испратени во Кочани.