Донација од Полска за борба против Ковид-19

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош, а во присуство на полскиот амбасадор Војчех Тицињски, денеска ќе ја прими донацијата која Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19.
Примопредавањето на донацијата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, ќе биде во касарната „Илинден“.