Доргу се согласи на една од најниските плати во Манчестер Јунајтед

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу, кој беше ангажиран во јануарскиот преоден рок за 29,4 милиони фунти со бонуси од Лече, ќе зема една од најниските плати на „Олд Трафорд“.

Според „Атлетик“, Данецот ќе заработува 40.000 фунти неделно, а Фабрицио Рамано додаде дека сумата ќе се зголемува во последните сезони од неговиот пет и пол годишен договор. Дури и ветераните Том Хитон и Џони Еванс, кои едвај играат, добиваат повисоки плати. За споредба, постојано повредениот Лук Шо инкасира 150.000 фунти.

Касемиро е на прво место по овој индикатор со 350.000 фунти неделно. Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, кој беше позајмен во Астон Вила, добиваат по 300.000.

Сепак, зголемувањето за Доргу (20) во однос на неговата претходна плата не е мало, бидејќи според информациите тој во Лече добивал сума еквивалентна на 7 илјади фунти.

Данецот би можел да го има своето официјално деби веќе во петок на натпреварот од четвртото коло на ФА Купот против Лестер.

Back to top button
Close