ДУИ Кичево за апсењето на Бектеши: Дури и трпението има граница
Партискиот огранок на ДУИ од Кичево, каде што припаѓа Крешник Бектеши, притворениот поранешен министер за економија по трагичниот настан во Кочани, објави порака на социјалните мрежи дека ќе дозволат институциите да си ја завршат работата, но дека „нема да биде покажана слабост“.
– Молчиме затоа што ја чувствуваме болката на семејствата на загинатите во Кочани.
Молчиме затоа што очекуваме институциите да си ја завршат работата.
Но, немојте да мислите дека нашиот молк е слабост и ќе ви дозволиме да се скриете зад невините.
Затоа, делувајте правилно и брзо, дури и трпението има граница, порача ДУИ Кичево.
Статусот беше споделен и од сопругата на Бектеши, како и од други функционери на Интегративците.