Дукоски: На Силјан Мицевски не можете да му земете 720 денари, а не 720 000 евра
Дукоски рече дека „Меѓународниот сојуз“ имал легална шема на соработка и со фирмата „Пелистер“ на Силјан Мицевски и со „Дрим билдинг“ на Адриан Амзоски, имало договори, меморандуми за соработка итн. За двајцата бизнисмени обвинителството, пак, тврди дека биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евра.
„На Силјан Мицевски вие ќе му претставувате дека Владата стои зад вас, а тој може да ја смени. Обидете се да му земете 720 денари, а не 720 000 евра, да видам -рече адвокатот Дукоски во воведните зборови алудирајќи дека Јовсновски не можел да го изманми бизнисменот.
…