Две лица починаа во пукањето во Мерцедес

Две лица починаа во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на „Мерцедес Бенц“ во Jугозападна Германија. Локалната полиција на Твитер претходно објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено. Не е познато дали вториот починат е повреденото лице.

Од полицијата додаваат дека „веќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.

Осомничениот е приведен по пукањето во Синделфинген, соопшти полицијата во блискиот град Лудвигсбург.

„Полициска операција во моментов е во тек во близина на фабриката. Полицијата и спасувачите се на должност“,објавија претходно на Твитер полициските сили.

Back to top button
Close