Единаесет квартови во Пекинг под карантин поради ново жариште на Ковид-19

– Во Пекинг под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на Ковид-19 на пазар, соопштија денеска кинеските власти.

Седум лица се инфицирани со новиот коронавирус од пазарот, поради што се затворени девет училишта и градинки.

Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 се заразени 7.741.062 лица, од кои 428.352 починаа, а оздравеле 3.966.877 луѓе.

Back to top button
Close