Единствениот украински барател на азил во Македонија

Откако Русија ја започна инвазијата на Украина, Давид [името е сменето поради безбедносни причини] се будел од звукот на експлозии во близина на неговиот дом на југот од државата. „Дали денес мојата куќа ќе биде погодена?“ е помислата што го следела додека се обидувал да стигне до најблиската скривница.

По вжештувањето на ситуацијата, тој решил да избега во Северна Македонија.
Повеќе од шест месеци престојува во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово, каде чека да добие статус на азилант.

Додека чека, тој создава уметност.

Видео: Дојче веле

Back to top button
Close