Ердоган: Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор


Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија.

– Најавата на американскиот претседател Бајден дека ќе покрене нова иницијатива за прекин на огнот во Газа е многу задоцнет, но важен чекор, истакна Ердоган на заедничката прес-конференција со султанот од Оман Хајтам бин Тарик што се одржа во Анкара.

– Регионалниот и глобалниот мир не може да се постигне доколку не се воспостави итен, праведен, траен прекин на огнот во Газа, рече турскиот претседател, говорејќи еден ден по воспоставувањето на прекинот на огнот меѓу Либан и Израел по повеќемесечните прекугранични борби.

– Нема да се двоумиме да направиме сè што е во наша моќ за да ги вратиме мирот и благосостојбата во Газа, додаде Ердоган.

Зборувајќи за односите меѓу неговата земја и Оман, Ердоган посочи дека Анкара има намера да го зголеми обемот на трговската размена со Оман на пет милијарди долари.

– Од 2025 година ќе почнеме со испорака на течен гас од Оман, со што ќе влеземе во новата фаза на нашата енергетска соработка, рече Ердоган.

Back to top button
Close