„Џерусалем Пост“: САД бараат Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа 

САД побараа од Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа, јави весникот „Џерусалем пост“, повикувајќи се на јавната израелска радиодифузна корпорација.

Како што пренесува Анадолија, се уште не е познато каков ќе биде одговорот на Израел на ова итно барање.

САД силно го поддржаа Израел во неговата борба против групата Хамас по нападот од пред седум дена, но изразија загриженост за хуманитарната ситуација на повеќе од два милиони жители на Газа.

Израелската армија вчера побара од 1,1 милион жители на северот на Газа да се евакуираат во рок од 24 часа во јужната половина од енклавата.

Обединетите нации предупредија дека ќе биде невозможно Палестинците во Газа да ја почитуваат наредбата без катастрофални хуманитарни последици

Back to top button
Close