ЕУ го осуди негирањето на фактите за геноцидот во Сребреница на митингот во Бања Лука

Европската унија го осуди „повтореното негирање на фактите за геноцидот во Сребреница“ за време на седницата на Народното собрание на Република Српска и на митингот „Србија ве повикува“ одржан на 18 април, соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Делегацијата на ЕУ објави соопштение два дена откако ентитетскиот парламент го усвои извештајот во кој се негира геноцидот, што беше повторено на собирот одржан во Бања Лука на поддржувачите на Сојузот на независни социјалдемократи – партијата на Милорад Додик и нејзините коалициски партнери.

 

Властите во РС реагираа откако беше објавено дека на почетокот на мај во Генералното собрание на Обединетите нации треба да се расправа за Резолуцијата за Сребреница, која ја иницираа Германија и Руанда.

Невладини во Србија ги повикаа властите да ја поддржат резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница

Нацртот на овој документ, меѓу другото, повикува на осуда на негирањето на геноцидот и осуда на глорификацијата на одговорните за убиствата на околу 8.000 бошњачки цивили во Сребреница во јули 1995 година.

Делегацијата на ЕУ истакнува дека „геноцидот извршен во областа на Сребреница во јули 1995 година, не е прашање на нечиј личен став“.

„Ова е историски факт, утврден во судските постапки пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во 2004 година и Меѓународниот суд на правдата во 2007 година“, нагласуваат од ЕУ.

Тие велат дека „негирањето на геноцидот, ревизионизмот и глорификацијата на воените злосторници немаат место во Европа“ и дека отфрлаат какво било негирање, релативизирање или погрешно толкување на геноцидот во Сребреница.

Во соопштението се посочува и дека почетната точка за вистинско помирување е „емпатија и ценење на страдањата на сите жртви“ за што секој мора да вложи напори, како и дека е неспорно „страдањето на граѓаните на БиХ од сите националности за време на војната од 1992 година до 1995 година“.

Поддржувачите на Додик на собир против резолуцијата за Сребреница

„Сепак, оспорувањето на фактите утврдени во детали за геноцидот во Сребреница е историски неточно, создава дополнителна болка и траума за семејствата на жртвите и ја отежнува клучната задача за изградба на мостови и помирување“, се вели во соопштението.

Тие ги повикаа сите политички лидери да се воздржат од провокативна реторика или потези и да се фокусираат „на напредокот на земјата на нејзиниот европски пат, што е посакуваната цел на огромното мнозинство граѓани на БиХ“.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, во одговор на истражување на Радио Слободна Европа (РСЕ), претходно рече дека во Европа „нема место за негирање на геноцидот, ревизионизмот и глорификацијата на воените злосторници“.

И американската амбасада во Босна и Херцеговина објави дека негирањето на геноцидот е незаконско, дека е закана за стабилноста на земјата и дека тоа е „навреда за жртвите од сите националности

Back to top button
Close