Европскиот парлемент категорично против полтичката трговија на ЕК со Орбан

Европскиот парламент ќе ја изведе Комисијата на суд поради нејзината исплата од 10,2 милијарди евра за Унгарија.

Одлуката доаѓа откако шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, во декември минатата година контроверзно ги деблокираше фондовите на ЕУ за Будимпешта, кои беа замрзнати поради загриженоста за корупција и владеење на правото.

Потегот дојде пред клучниот самит на кој унгарскиот премиер Виктор Орбан се закануваше дека ќе го попречи заедничкиот став на Унијата за Украина.

Комисијата за правни прашања на парламентот се состана синоќа зад затворени врати за да одлучи да ја тужи извршната власт на ЕУ поради, како што тврди, прекршување на нејзината обврска да ги заштити парите на даночните обврзници од злоупотреба.

Комитетот ја поддржа тужбата со 16 членови за, еден против (од екстремната десница) и нула воздржани. Исплатата минатиот декември беше широко критикувана од европратениците, па дури и од претставници на Комисијата, како знак дека Брисел попушта пред уцената на Орбан.

Поддршката преку партиски линии за тужбата испраќа јасен сигнал до Комисијата. Политичкото семејство на Фон дер Лајен, централно-десничарската Европска народна партија, ја поддржува одлуката, при што нејзиниот лидер Манфред Вебер (и неговиот претходник Доналд Туск) ја истакнаа важноста од одбрана на владеењето на правото пред европските избори ​​во јуни.

„Веруваме дека имаме солиден случај, бидејќи Комисијата си противречи на самата себе за тоа дали Унгарија го почитува владеењето на правото“, изјави синоќа европратеникот Даниел Фројнд. „Судот на правдата на ЕУ отсекогаш се залагал за независноста на судовите“.

Потегот на комитетот е дизајниран како „знак до претседателот на Комисијата дека владеењето на правото не може да биде предемет на полтичка трговија со Орбан“, рече Фројнд.

Во четврток, лидерите на политичките групи ќе се состанат на Конференцијата на претседатели за да и дадат последно зелено светло на претседателката Роберта Мецола да ја однесе Комисијата пред суд пред крајниот рок на 25 март.

Борјан Јовановски

 

Back to top button
Close