Фјури пред реваншот со Усик: Ова го правам поради парите

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, пред неговата втора борба со светскиот шампион Олександар Усик изјави дека неговата мотивација е исклучиво од финансиските придобивки.

-Единственото нешто што навистина ми е важно е моето семејство, моите деца. Оваа борба е неопходна за да добијам многу пари кои ќе им помогнат на моите деца во иднина. Ова го правам само за парите. Сите професионални боксери, искрено, тие се борат само за пари, изјави Британецот, цитиран од „ДАЗН“.

Фјури (36) и Усик (37) ќе се борат на 22 декември во Саудиска Арабија. Во нивниот прв дуел, кој се одржа на 18 мај оваа година, Усик го победи Фјури со одлука на судиите и стана апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Усик има 22 победи во 22 меча во професионалниот ринг. Фјури има 34 победи и 1 пораз, а уште една борба со негово учество заврши нерешено.

Back to top button
Close