ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

Државата не е приватна своина на Мицкоски  и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, на телевизија Канал 5.

Вели дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата. Во интервјуто Филипче потенцираше дека се разобличи лагата на ВМРО ДПМНЕ која ја ветуваше во предизборниот период, односно дека ќе обезбедат подобра преговарачки услови.

Back to top button
Close