Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции се во општините во пресрет на локалните избори. Од Управата за јавни приходи, Организиран криминал, различни други институции коишто се под Министерството за внатрешни работи“ – вели Филипче
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека власта врши притисок врз градоначалниците коишто се кадар на СДСМ на чело на 17 локални самоуправи.
Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, Филипче рече дека власта, преку институциите прави притисок врз градоначалниците.
„Ние имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции се во општините во пресрет на локалните избори. Од Управата за јавни приходи, Организиран криминал, различни други институции коишто се под Министерството за внатрешни работи“се пожали претседателот на СДСМ.
Според него ова се случува исклучиво во општините каде што управува СДСМ, но не и во другите општини каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу другото, Филипче потенцираше тој и СДСМ имаат обврска да работат многу интензивно поради состојбата настаната од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вбројувајќи ги како причина „неконтролираниот раст на цените“, „намален животен стандард на граѓаните“, „неисплатени плати“ и други проблеми.