Филипче по изборот на новото партиско раководство: Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет и многу знаење

Состанокот на Централниот одбор вечерва помина во одлична атмосфера со многу енергија и ентузијазам кај новите членови. Се избра новото партиско раководство и членовите на Извршниот одбор. Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење, искуство во своите области на делување коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот којшто следи, изјави вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција по состанокот на ЦО.

Тој нагласи дека партијата веќе има план за работа кој со многу силна енергија ќе почне да се реализира уште од утре.посета сите општински организации и за комуникацијата со луѓето и начинот на којшто ќе допреме до членовите, симпатизерите, до оние коишто од некакви причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект. Спремни сме да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови, симпатизери во процесот на креирање на политики“,порача Филипче.

Тој информираше дека во новиот Извршен одбор на партијата има претставници на повеќе општински организции.

„Водевме сметка да има добра регионална застапеност за да имаме информации од сите или повеќето општини ширум државата“,истакна Филипче.

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.

За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска и Кристина Костова – член на ЦО на СДСМ.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од општинската организација во Центар.

Back to top button
Close