Филков: Колку и да се тешки, ќе ги спроведеме реформите за Судскиот совет

Министерот најави дека од следниот месец ќе започнат со јавни дебати за Законот за Судски совет кои ќе бидат експертски и за коишто изрази уверување дека ќе вродат со плод особено во деловите од законскиот текст што се однесуваат во делот на дисциплинската постапка, постапка по жалба, изборот и разрешувањето

Колку и да се тешки, ќе ги спроведеме неопходните реформи за Судскиот совет. Нема да запреме сè додека граѓаните не почнат да гледаат со полна доверба кон судовите во постапките за заштита на своите права, порача министерот за правда Игор Филков кој учествуваше на дебата на тема „Судски совет на РСМ – Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“, во организација на Институтот за човекови права.

Министерот за правда Игор Филков на денешната дебата „Судски совет на РСМ – Предизвици и препораки за обезбедување на независно судство“

„Токму затоа е потребно да се насочиме кон решавањето на ситуациите, проблемите и да превенираме во иднина, за да немаме во иднина било каков сомнеж, што можат да ја доведат во прашање независноста, како и стручното постапување на Судскиот совет. Нашиот пристап, пристапот на Министерството за правда во однос на легислативата и промените што ќе следат, ќе бидат отворени, транспарентни, а нашите заложби јасни. Ги земаме и ќе ги земаме во предвид сите препораки од домашните и меѓународните организации и експерти, кои се однесуваат на Законот за Судски совет, Законот за судови и други“изјави министерот Филков.

Министерот најави дека од следниот месец ќе започнат со јавни дебати за Законот за Судски совет кои ќе бидат експертски и за коишто изрази уверување дека ќе вродат со плод особено во деловите од законскиот текст што се однесуваат во делот на дисциплинската постапка, постапка по жалба, изборот и разрешувањето.

„Но, не секогаш е проблемот во законскиот текст, туку во непочитување, односно спроведување на истиот во пракса. Само со обезбедување на независноста и непристрасноста на ова тело ќе успееме да го вратиме легитимитетот, професионалноста и интегритетот на Судскиот совет, којшто треба да претставува пример и да ужива доверба од фелата. Судскиот совет мора да се докаже како стручно тело, кое ќе биде составено од лица со потврдено правничко искуство, а за кои не смее да има сомнеж за нестручност или било какво политичко влијание“истакна Филков.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на дебатата посочи дека од особено внимание е да се слушнат ставовите на граѓанскиот сектор, како и на Институтот за човекови права, а кои, како што вели, во наредниот период ќе бидат дел од заложбите на Судскиот совет во делот на нотирани критики и можност за подобрување.

Back to top button
Close