ФОКУС: Водачот на „Беланоца“ осуден за трговија со дрога, бил на слобода кога се случи двојното убиство во „Шиша бар“!

Петнаесет дена по двојното убиство на еден од главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева-Жила, кој настрада заедно со Енес Исеинов-Љаци од истата група, водачот на ривалската „Беланоца“, Фатљум Аети-Тоте заврши во притвор во Шутка,  пишува Фокус.

Но, не за двојното убиство што се случи во кафулето „Шиша бар“ под скопско Кале на 6 март, туку за трговија со дрога и оружје.

 

По убиството, двата ривалски кланови „Дуќанџик“ и „Беланоца“ на кратко се вратија во фокусот на јавноста. Тогаш воскресна и една акција на Министерството за внатрешни работи од 28 јули 2021 година, кога полицијата соопшти дека сузбила организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и оружје.

Меѓу осомничените бил и Аети, кој стана водач на „Беланоца“ по убиството на неговиот татко Џелал Аети-Џељо и по убиството на неговиот чичко Наим Аети.

Повеќе

 

Back to top button
Close