Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го коментираше прекинот на испораката на гас за Австрија од страна на руски Газпром, наведувајќи дека и покрај „уцените“ на Русија, Европа е подготвена за зима и има резерви на гас.
„Путин повторно ја користи енергијата како оружје. Тој се обидува да ги уценува Австрија и Европа со прекинување на испораките на гас. Подготвени сме за тоа и за зимата. Складиштата на гас низ ЕУ се полни“ напиша Фон дер Лејен на платформата Х.
Таа додаде, цитирајќи го австрискиот федерален канцелар Карл Немер, дека „Европа е обединета во поддршката за Австрија“.