Гатузо нов тренер на Лацио

Поранешниот италијански селектор Џенаро Гатузо е назначен денеска за нов тренер на Лацио, објави калчолигашот од Рим.
Лацио во мај се раздели со тренерот Маурицио Сари, откако сезоната во Серија А ја заврши на деветтото место и го загуби финалето на Купот на Италија од Интер.
„Клубот топло го поздравува својот нов тренер и е уверен дека неговото искуство, професионализам и решителност ќе му помогнат на клубот да ги постигне своите спортски цели“, се вели во соопштението на Лацио.
Гатузо ја напушти клупата на Италија откако не успеа да избори пласман на Светското првенство, а претходно ги тренираше Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук






