(ФОТО) Прогласен ден на жалост во Косово, манастирот Бањска и околината под контрола на полицијата
Според последното соопштени на косовската полиција, објавено доцна синоќа, уапсен е уште еден од напаѓачите, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со оружје со долг дострел и муниција. Како што информираа од полицијата, во престрелката со вооружената група, досега се убиени тројца напаѓачи, двајца се уапсени, а четири лица фатени со радио врски кои нелегално ги поседувале се исто така меѓу осомничените и се поврзуваат со групата која вчера рано наутро пукаше во косовоските полицајци кај Бањска
Косовската претседателка Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во Косово во чест на полицискиот старешина, Африм Буњаку, кој беше убиен во нападот на вооружена група на северот на земјата, соопштија од нејзиниот кабинет.
„Претседателот на Република Косово Вјоса Османи, во согласност со уставните овластувања, одлучи понеделник, 25 септември 2023 година да биде прогласен за Ден на жалост во чест на полицаецот Африм Буњаку, убиен на северот на Косово“ се наведува во соопштението.
Од кабинетот на косовската претседателка информираа и дека државниот протокол ќе ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката“.
Началникот на косовската полиција беше убиен, а уште еден приапдник на граничната полиција на Косово ранет во вчерашниот напад од група, која според косовското Министерство за внатрешни работи броела 30 лица, маскирани и во униформи, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечан на северот на Косово.
Според последното соопштени на косовската полиција, објавено доцна синоќа, уапсен е уште еден од напаѓачите, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со оружје со долг дострел и муниција.
Косовски полицаец е убиен утринава на северот од земјата, премиерот Курти ја обвини Србија за нападот
Како што информираа од полицијата, во престрелката со вооружената група, досега се убиени тројца напаѓачи, двајца се уапсени, а четири лица фатени со радио врски кои нелегално ги поседувале се исто така меѓу осомничените и се поврзуваат со групата која вчера рано наутро пукаше во косовоските полицајци кај Бањска.
Синоќа од доцните часови, како што соопшти косовската полиција, интензитетот на нападите врз полицијата е намален, но безбедносната ситуација на северот на Косово и понатаму е тензична.
По полициска контрола се неколку локации, станбени згради и возила што ги користеле напаѓачите за блокада на патот. Меѓу возилата се оние кои биле распоредени околу манастирот Бањска во кои бил пронајден голем арсенал оружје.
„Според прелиминарните информации, станува збор за десетици, стотици оружја од различен тип и калибар, униформи и логистичка опрема, вклучително и воено оружје од тежок калибар како гранати, гранати, митралези, ‘калашникови’ итн. Косовската полиција под раководство на обвинителот на Специјалното обвинителство на Република Косово, во соработка со ЕУЛЕКС и КФОР, влезе во објектите на Бањскиот манастир за вршење на службени задачи“ се наведува во соопштението на косовската полиција.