(ФОТО) Се степаа директори на основни училишта во ноќен клуб во Кавадарци

Видео снимка направена синоќа во ноќен клуб во центарот на Кавадарци, на која е снимена тепачка помеѓу две лица, се споделува на социјалните мрежи, пренесе Фокус.

Возрасните мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат, се директори во две основни училишта во градот.

Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.

-Нема толеранција ниту пак оправдување за однесувањето на двете лица, оправдани се сите реакции на граѓаните кои бараат нивно разрешување од функција. Тоа ќе се случи во понеделник – изјави Јанчев.

Инаку, станува збор за директорот на ОУ Димката Ангелов – Габерот, Г.Г. и директорот на ОУ Тошо Велков- Пепето, С. П.

Видео снимката од тепачката на двајцата директори стоеше кратко., Истата е  повлечена

 

Back to top button
Close