Галант: ИДФ зароби повеќе од 100 оперативци на Хамас во последните два дена

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска соопшти дека израелските одбранбени сили (ИДФ) во последниве денови заробиле повеќе од 100 оперативци на палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

– Во изминатиот ден и половина, имаме над 100 затвореници, од кои некои се предале откако се сокриле во тунелите во областа Кан Јунис и на други места, бидејќи сфатиле дека не можат да се борат против ИДФ, рече тој, пренесе Тајмс оф Израел.

Галант изјави дека Хамас има „стотици жртви под земја“ како резултат на акциите на израелската армија.

– Хамас се урива во сопствените тунели кои макотрпно ги ископа. Го погодивме секое место за кое мислеа дека ќе биде замка за војниците на ИДФ, рече Галант во обраќањето пред војниците на елитната борбена инженерска единица Јахалом. ј

 

Back to top button
Close