(ГАЛЕРИЈА) Израел изврши воздушни напади во јужниот дел на Бејрут

Јужните предградија на Бејрут контролирани од шиитското движење Хезболах и денеска беа цел на напади на израелските бомбардери. Во текот на ноќта и денот, силни експлозии одекнуваа од различни делови на јужниот дел на главниот град на Либан. Очевидци за тамошните медиуми сведочат дека овие напади биле најмоќните досега и оти израелските воздушни сили извршиле над десет разорни напади.

„Ова е најголемиот напад од почетокот на израелската офанзива врз Бејрут“изјавија очевидци за либанските медиуми.

Израелската армија потврди дека нејзините воздушни сили извршиле серија прецизни удари врз складишта за оружје и терористичка инфраструктура на Хезболах во реонот на Бејрут, но либанските власти сè уште не соопштија кои објекти биле погодени и какви штети предизвикале ракетите.

Израелската армија соопшти и дека во воздушен напад во јужниот дел на Либан, во селото Кафр Кила е убиен командант на Хезболах, за кој тие велат дека е одговорен за смртоносните ракетни напади кои се случија во јануари годинава.

„Хачер Али Тавил е одговорен за нападот вокој беа убиени Барак Ајалон (45) и неговата мајка Мири Ајалон (76), кога противтенковска ракета погоди нивната куќа во Кфар Јувал, на северот од Израел“ соопштија од израелската армија.

Back to top button
Close